На голема радост на најмладите, во прекрасна атмосфера, како дел од Програмата по повод „4 Ноември“ – Денот на ослободувањето на Битола, синоќа на Нова сцена во Центарот за култура, Бабец театар од Битола, ја одигра театарската претстава „Јованче и Марика“.Со оваа претстава на децата им беше понудена една нова визуелизација на нивната добро позната бајка за прв пат запишана од браќата Грим, познатата приказна за двете деца кои таткото присилен од страна на неговата жена, односно маќеата, ги испраќа и ги остава во мрачната шума поради финансиските проблеми и снаодливоста на двете деца но и нивната желба за промена на тешкото бреме кое без никаква вина мора да го носат на својот грб.
-За нас беше огромна инспирација за да направиме еден нов и современ прочит на оваа пред се хорор бајка во која внесовме многу свежина, комични наместо страшни ситуации и решенија, драматуршки заплети, многу танци и класична музика и едно ново визуелно решение на сценографијата и костимите поткрепени со многу магични визуелни ефекти кои треба да придонесат за едно незаборавно доживување на децата. Целта на оваа претстава е на децата да им покажеме дека со многу љубов и грижа еден кон друг стануваме многу посилни и дека секоја авантура не учи нешто ново, но дека најважно од се е да научиме да го разликуваме злото од доброто, вели режисерот на претставата, Васко Мавровски од Бабец театар.
Улогите ги играа Никола Пројчевски, Јулијана Мирчевска, Петар Спировски и Катерина Аневска.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2022/10/javor-75.jpg?fit=1000%2C574&ssl=1)
Детската претстава “Јованче и Марика“ изведена во рамките на програмата за 4. Ноември
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- “Македона“ ревија на дизајнирана женска облека инспирирана од народна носија на модниот креатор Александар Ортаковски од Битола (фотогалерија)
- Спектакуларен концерт во Битола на маестро Илија Ампевски и пријателите за неговиот 50 роденден (фотогалерија + видео)
- КУД “Илинден“ Битола со музичко-сценскиот проект “На Панаѓир“ на Илинденски денови (фотогалерија)
- Гостување на операта “Дидона и Енеј“ и започната соработката меѓу КУД “Стив Наумов“ од Битола и СКЦ од Ниш