Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ вечерва одработија тренинг во Португалија, Пешевски верува дека бодовите ќе заминат во Битола

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва во Протугалија го одработи планираниот тренинг  пред утрешниот натпревар во рамките на 2. коло од групната фаза во Европската лига. Противник во оваа фаза од натпреварувањето на “пелистерци“ ќе им биде екипата на Агуаш Санташ, која исто како битолчани е поразена во 1. коло.

Еден од најдобрите поединци во таборот на битолскиот суперлигаш, Жарко Пешевски, по завршувањето на тренингот во Португалија, вели дека време за посериозна подготовка за овој натпревар немало, но сепак, верува дека на крај бодовите ќе заминат за Битола.

-По поразот во Битола во првото коло немавме многу време за подготовка, но знаеме каков противник ни следува. Преку видео анализи ја воочивме играта на противникот и колку што можевме се спремивме за овој дуел. Агуаш Санташ е опасен и агресивен тим. Игра агресивна одбрана, па затоа мораме да бидеме трпеливи во нападот. Во овој натпревар влегуваме со ладна глава, и тие го загубија првиот натпревар и мотивацијата ќе биде иста на двете страни. Но, верувам дека ние ќе бидеме тие кои што ќе ги слават првите бодови, рече Жарко Пешевски.

More from ВестиMore posts in Вести »