Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: автентичност – дали ќе бидам прифатен/а ако сум свој/а ?

Многу луѓе не го знаат одговорот на тоа прашање и се губат во море на имиџи кое општеството го нуди… Но, во светот што постојано се менува, предизвик е да го најдеш своето автентично јас.

Во обид да ја дефинираат автентичноста, психолозите во раниот 21 век почнуваат да карактеризираат како изгледа една автентична личност. Ја определуваат неколку критериуми:

-Автентична личност е свесна за себе и сака да научи што ја прави она што е навистина. Кога автентична личност ќе дознае која е, има цел да биде неотповикливо тоа – бира да не се залажува себеси и да не ја извртува реалноста за себе. Откако ќе одлучи што ја дефинира, автентичната личност ќе се однесува на начин верен на тие карактеристики и ќе избегнува да биде лажна само за да им удоволи на другите. Од овие причини предлагаат дека автентичноста може да биде чувство што луѓето го интерпретираат како знак дека она што го прават во моментот е на иста бранова должина со нивното вистинско јас.

Исто така развивање на автентичност на личноста е еден од целите на психотерапија.

Автентичност – Тоа ни е задача во зрела возраст, да се препознаваме себеси и да одиме кон тоа  ШТО САКАМ,  НЕ ШТО ТРЕБА ДА САКАМ … КАКО СЕ ЧУВСТВУВАМ, НЕ ШТО ТРЕБА ДА ЧУВСТВУВАМ… дали ќе бидам прифатен/а ако сум свој/а ? Многу луѓе не го знаат одговорот на тоа прашање и се губат во на имиџи кое општеството го нуди… (Постои пример како во еден компанија менаџерот кој заработувал скоро 7000 евра плата се облекува во second hand продвници и тогаш сите вработени почнале така и да се облекуваат…)

Се смета дека Колку е поголема разликата помеѓу јавниот селф и автентичниот селф, толку е поголема разликата  кон тоа автентичниот да го саботира јавниот.

Социјални мрежи и автентичност

На Инстаграм, се наметнатнуваат трендови во изглед, облекување, начин и стил на живот кои се само виртуелни…(Пр.сервис керамички шољи за чај, кафе…свеќи како инстаграм ги нуди, егзотични места за одмор, модни трендови  живот како облик на хипокризија). Како можеме да ги следиме тие трендови кога нашите  обични шоља за кафе или чај можеби нема да нема да ни бидат повеќе привлечни или нашиот стил на живот…). Ова се само некои забелешки, ситници…но може да доведаат до незадоволство од нашиот начин на живот, да не го цениме она што го имаме и од нас самите. Не е тоа лошо, ослободувачки е ако се сложува со вашите вредности, ако ги знаеме кои се, потоа можеме и да се сложиме. Да го отфрлиме  она што ни се нуди, како би го определиле  својот пат. Бидејќи само тој пат е единствен кој не притиска.

Преку –одлагање, за своите неуспеси или „за малку“ успеси, окривување на другите … А ако на тоа се додаде епитети : „Па мрзелив си, немаш самодоверба, не те бива, па стрпи се…“ Со тоа се тргнува во магичниот круг на себеокривување и неуроза бидејќи не сме како што треба, без да се прашаме, а дали јас тоа го сакам воопшто и која е емоционалната цена за тоа.

Пршањето –  Кој сме?  вечно прашање

Но само нашето чувство на интуиција  во телото се разликува кога даваме одговор на него на секои две, три години во животот…

Затоа. Ако не сте „смирена“ „тивка “ личност, не се обидувајте тоа и да станете.

-Бидете онакви какви сте, разберете ги своите реакции, почитувајте ги, дозволете му на себе да чувствувате тоа што го чувствувате и превземете свесна одговорност за своите односи и последиците од  своето однесување. Ако не сте личност која може да каже што мисли, да поставува граници, да знае да каже НЕ во некои ситуации, да се завземе  за себе…

-Не се присилувајте, разберете ги своите реакции, откријте ги причините зошто ви е важно да не поставувате граници, почуствувајте ги тие предности и придобивки за себе, превземете одговорност за своите чувства и свој живот, доживеете го тоа..

-Развивајте ја својата самосвест. Ако сте искрени со себе и правилно се проценувате тоа ќе ви помогне да немате некои нереални очекувања од себе. Со тоа ќе бидете задоволнио со себе и своите постигнувања.

-Колку и да звучи романтично да имаш вистинско јас што само се крие зад едно лажно, веројатно не е така едноставно. Но, тоа не значи дека автентичноста не треба да биде нешто кон кое се стремиме.

-Барање на флуентност и избегнување внатрешен конфликт е веројатно одличен начин да се остане на патеката кон вистинското себе, да се бара она што е морално добро и да се препознае кога си „на вистинското место.“

После тоа доаѓа до постепена промена, трајна која ќе ја почуствувате самите, а и луѓето околу вас.