Синоќа во кино “Манаки“ во Битола беше краткиот филм “Сонети“ кој е инспириран и претставува адаптација на познатите Шекспирови Сонети, како и од животот и делото на самиот Шекспир.Филмуваната верзија на оваа адаптација се занимава со несовршеноста и ефемерноста на човековата природа, посебно со љубовта како таква од една страна, како и рамнодушноста на природата кон човековите судбини, од друга страна.
Во таа смисла забележителни се прекрасните пејсажи од околината на Битола со дискретни асоцијации за човековата негрижа кон истата, убавина која исчезнува пред нашите очи. Црно- белиот свет само за миг се обојува за повторно да исчезне.
На визуелно поетски начин филмот се обидува линеарно да ја раскаже и да ја открие тајната кому се пишувани овие безвременски стихови.
Токму поради тоа се мешаат и времињата одејќи по работ на фиктивното и сонот.
Во филмот истите се интерпретирани од актерите Соња Михајлова и Петар Горко, камерата и монтажата се на Никола Марковски а музиката на Александар Димовски.
Адаптацијата и режијата ги потпишува Благој Мицевски.
Проектот е поддржан од Општина Битола, КИЦ Битола и Кино Манаки.
Планирано е со англиски превод да има и своја меѓународна проекција на некој “Шекспир фестивал“.

Во Битола промовиран краткиот филм “Сонети“ во адаптација и режија на Благој Мицевски (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Заврши вонредниот инспекцискиот надзор во битолската болница
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
- Деновиве пред 10 години: Одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк (фото)
- Деновиве пред 10 години: стартуваше кампањата за локалните избори 2013
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
- Библиотеката започна со одбележување на 78. роденден, први гости децата од средно училиште за рехабилитација и образование (фото)
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- КИЦ Битола најави концерт на Јован Милошевски и “Ден на пијаното“ во Офицерски дом
- Групата “Нокаут“ акустично пред битолската публика (фотогалерија)