Press "Enter" to skip to content

Октомври испратен со “Октоберфест“ афтерпарти (фото)

Првата македонска платформа за инвестирање “P2P“, која стартува со работа во јуни оваа година на национално ниво, а чија централа е во градот Битола, еднаш месечно ги отвора вратите на својата компанија, организирајќи афтерворк дружења за своите клиенти и деловни партнери.-Зад нас е октомври, кој ќе го паметиме по една долга и сончева есен. Во чест на октомври и на убавите денови кои ни ги подари, октомврискиот афтерворк на првата македонска платформа за инвестирање “P2P“ го посветивме на славењето на пивото со Октоберфест афтерпарти. Освен тимот на комапнијата, поканети беа и некои наши драги соработници. А овие дружења се со цел во неформална атмосфера, по работните часови да се дружиме и да размениме некои нови идеи со нашите клиенти, истакна Теодор Тодоровски менаџер на “P2P“.Ова е втор афтерворк настан од отворен тип за оваа компанија. Првиот беше пред еден месец и беше посветен на светскиот ден на виното “Вранец“, со што оваа компанија наметнува еден поинаков тип на вмрежување и афирмација на релациите со својот круг на клиенти, по пример на бројни странски компании, како убав пример на деловна култура.