Значајна помош во санирање на пристапниот пат кон манастирот во изградба посветен на Свети Трифун во месноста Смолево над Битола како и градежен материјал од гранит за негова изградба, деновиве донира Јавното претријатие “Нискоградба“ од Битола.-Од летошните обилни врнежи од дожд, земјениот пат од населбата Стрчин до Смолево беше многу оштетен и речиси непрооден, по што, членови на Црковниот одбор се обративме до раководството на ЈКП “Нискоградба“, за помош, и за кусо време, од оваа битолска фирма излегоа во пресрет и го поправија земјениот пат – изјавија битолчаните Јован и Ристе кои најмногу се грижат за одржувањето на параклисот посветен на Свети Трифун, како и за изградбата на манастирот со истото име.
Инаку, причината за изградба на верски објект посветен на Свети Трифун, кој се чествува на 14 февруари, денот кога се зарежува виновата лоза, е заради податокот дека на овој простор на Смолево се обработуваат лозја кои даваат многу квалитетно вино.
Сопствениците на имоти и лозја од реонот на Смолево во оваа прилика им се заблагодаруваат на вработените во “Нискоградба“ и особено на директорот Зоран Талевски, за големата помош во механизација и градежен материјал за изградба на манастирот Свети Трифун.

“Нискоградба“ го поправи и прошири земјениот пат од Стрчин до Смолево и донира материјал за црквичето (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025