Првата македонска платформа за инвестирање “P2P“, која стартува со работа во јуни оваа година на национално ниво, а чија централа е во градот Битола, еднаш месечно ги отвора вратите на својата компанија, организирајќи афтерворк дружења за своите клиенти и деловни партнери.-Зад нас е октомври, кој ќе го паметиме по една долга и сончева есен. Во чест на октомври и на убавите денови кои ни ги подари, октомврискиот афтерворк на првата македонска платформа за инвестирање “P2P“ го посветивме на славењето на пивото со Октоберфест афтерпарти. Освен тимот на комапнијата, поканети беа и некои наши драги соработници. А овие дружења се со цел во неформална атмосфера, по работните часови да се дружиме и да размениме некои нови идеи со нашите клиенти, истакна Теодор Тодоровски менаџер на “P2P“.
Ова е втор афтерворк настан од отворен тип за оваа компанија. Првиот беше пред еден месец и беше посветен на светскиот ден на виното “Вранец“, со што оваа компанија наметнува еден поинаков тип на вмрежување и афирмација на релациите со својот круг на клиенти, по пример на бројни странски компании, како убав пример на деловна култура.

Октомври испратен со “Октоберфест“ афтерпарти (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- “Бител“: VOX M19 – Практична микробранова печка за секојдневна употреба!
- “ГТ слаткарници“ – нови вкусови на сладолед за летото што доаѓа
- Ресторан “Вила Виста“ место за уживање во единствениот поглед кон Битола
- Не мора да отворате, сé е кажано – пицерија “Шведскио“ на Широк Сокак
- КС Групација учествуваше на Саемот за кариера – CAREER EXPO 2025