Press "Enter" to skip to content

Ивана Трајчевска и Цане Поповски победници на градското првенство во куглање (фотогалерија)

Во кугланата во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ вечерва заврши градското првенство во куглање на Битола, кое беше организирано во рамките на прославата за 4. Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а беше во организација на кугларскиот клуб Пелистер.На градското првенство зедоа учество вкупно 26 куглари, 16 во машка конкуренција и 10 во женска. После квалификациите, во финалето на турнирот “4. Ноември“ каде се бира годишен градски првак се пласираа 4 куглари, кои имаа најдобри резултати, односно најмногу соборени дрвца.Во женското финале победник беше Ивана Трајчевска со соборени 538 дрвца, второпласирана беше Даниела Ѓуровска со 473 соборени дрвца. Третопласирана беше Стефанија Алексовска.Во машкото финале победник е Цане Поповски со 573 соборени дрвца, второпласиран беше Никола Андоновски со 550 соборени дрвца, а на трето место е Игор Михајловски.Игор Михајловски во име на организаторот кугларскиот клуб Пелистер по завршувањето на натпреварите  рече:-Продолживме со една убава традиција, градско првенство во куглање во машка и женска ко кункуренција на кое се пријавија и учествуваа сите куглари кои тренираат во клубот. Инаку да кажам дека оваа година имаме екипи во домашното првенство во машка и женска конкуренција, а во идната сезона планираме да пријавиме уште една екипа. Сега наш нов предизвик е организацијата на меѓународниот натпревар во Битола, кога ќе бидеме домаќини на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски им ги додели медалите и дипломите на најдобрите во годинашното градско првенство, им честита на победниците и посака до година да имаме поголем број на пријавени куглари и поинтересни борби за медали.Посебно признание му беше доделено на двајва ветерани во кугларскиот клуб Пелистер, за кој како рече вечерашниот главен судија, Љупчо Спирковски, тешко дека без нивната присутност во овие изминати долги години ќе опстанеше клубот.Плакети за посебен развој на кугларскиот спорт во Битола добија Цане Колев и Цане Поповски за 40 години во куглањето во Битола.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »