Бидете дел од најбрзорастечкото брокерско друштво во секторот на осигурувањето – СН Осигурителен брокер АД Битола.
Ако имате визија и желба да напредувате во кариерата и да работите во тим со успешни професионалци и лидери во својата област, АПЛИЦИРАЈТЕ за:
Соработник во секторот за сметководство и финансии
Реон: Битола
Опис на работно место:
-Следи и проучува законски прописи, упатства и акти за правилно водење на сметководствените работи
-Книжи фактури, денарски и девизни изводи, побарувања по основ на плаќање на платежни картички, регреси, компензации, трошковни благајни
-Ефикасно комуницира со клиенти при сложување картички
-Ефикасно комуницира со останати сектори во Друштвото
-Чува деловни книги и сметководствени документи
-Врши анализа, контролира и усогласува фактури со главната книга и аналитичка евиденција
Квалификации кои ги има нашиот идеален кандидат:
-Висока стручна подготовка (ВСС) – Економски факултет
-Работно искуство минимум 1 година во струката
-Работно познавање во MS Office
-Развиени организациски способности, самоиницијативност, аналитичност, почитување на рокови
-Способност за тимска работа
-Возачка дозвола Б категорија- ќе се смета за предност
Услови и бенифиции:
-Загарантирана бруто-плата
-Полно работно време од 40 часа неделно
-Договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на нeопределено време.
Вашата професионална биографија испратете ја на: kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.






