Press "Enter" to skip to content

УСАИД во Битола одбележа 30 години партнерство – “Инспирирај се за иднината!“ (фотогалерија)

Во Битола со обраќање на Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД, мотивациски говор на Фатма Аземовска, модна ревија, изработка на мурал, концерт и изложба УСАИД одбележани 30 години партнерство. 

Синоќа во Офицерски дом во Битола беа одбележани 30 години партнерство на УСАИД, со настан кој беше насловен “Инспирирај се за иднината!“ на кој присуствуваше Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД, градоначалникот на Битола, успешни учесници во програмата на УСАИД, парнери и пријатели на УСАИД.На настанот на присутните им се обрати Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД кој рече:-Големо е задоволството што сме тука во Битола да ја прославиме 30 годишнината од партнерството на народот на Соединетите Американски Држави и на Северна Македонија. САД ја подржуваат целта која ја има поставено С. Македонија да биде добро управувана, демократска земја, заснована на владење на правото и земја која им овозможува еднакви можности на сите свои граѓани, и тоа од прогласувањето на незавосноста во 1991 година. Веќе следната година го започнавме процесот на отворање на канцеларија на УСАИД – Американската агенција за меѓународен развој во државата, а потоа во изминатите 30 години УСАИД обезбеди повече од 840 милиони аметикански долари развојна помош, а потоа се осврна и за тоа како беа искористени овие пари:-Програмите на УСАИД се фокусираа на унапредување на децентрализацијата на владеењето, промовирање на судските реформи, на транспарентно влаеење и иницирање на решенија за е-влада. Помогнавме во унапредување на економската конкурентност преку зајакнување на претпиемништвото и отворање на работни места, работевме на намалување на потрошувачката на енергија, го зајакнавме образовниот процес и тоа основното се до универзитетското образование и помогнавме да се креираат политики кои се усогласени со регулативите на ЕУ. Во продолжението на обраќањето Ерик Мејер ги спомена успешно завршените проекти во овој регион во повеќе сфери, во општините Битола, Новаци и Могила.Беше прикажано и кратко видео за една успешна приказна, токму од овој регион, од Могила, каде е реализиран проект за краварска фарма, која успешно функцинира.Мотивациски говор пред присутбите одржа Фатма Бајрам Аземовска, насловен “Партнерството е сила“ на кој нашата сограѓанка ја раскажа својата животна приказна, од детството до денес, а ги мотивира младите да не се откажуваат од својот сон, без разлика а сите тешкотии и предизвици кои младите ќе ги имаат во својот развој.Потоа се одржа модна ревија “Рециклирана убавина“ под менторство на Ирина Тошева со учениците од средните училишта “Таки Даскало“ и „Јосип Броз Тито“ од Битола.Градончалникот Коњановски ја искористи и можноста да разговара со Ерик Мејер, вршител на должност амбасадор на САД да ја претстави Битола и дел од проектите во градот.На крај се одржа концерт на џез бендот од Музичката академија “Гоце Делчев“ од Штип. Претходно имаше откривање на мурал од “Hybrid Minds, и изложба на фотографии “Живот поминат заедно”.

More from ВестиMore posts in Вести »