Press "Enter" to skip to content

Во Битола претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне значително наоблечување

Денес, петок, 4 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Од пладневните часови од запад ќе се прошири значително наоблачување. Температурата во Битола до 24 степени.

Утре, сабота, 5 ноември, во Битола, времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, кои кон крај на денот и во текот на ноќта на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 23 степени.

 

More from ВестиMore posts in Вести »