Press "Enter" to skip to content

30 години “Бизнис академија Смилевски“, “30 години создаваме менаџери“ (фотогалерија)

Бизнис академијата Смилевски денес во нивните простории со неколку панел дискусии и доделување на признанија одбележа 30 години од основањето, под мотото “30 години создаваме менаџери“.За големиот јубилеј зборуваше м- р Горазд Смилевски, генерален менаџер на БАС, кој рече:-Обично избегнувам да зборувам на било кој настани, но овој пат самиот побарав да зборувам, бидејќи се работи за исклучителна прилика, кога славиме голем јубилеј. Сакам најпрво да им се заблагодарам на оние кои од почетокот, и цело време се со нас. Денес кога сум во присуство на научници, сакам нешто да кажам во таа насока. Повеќето потфати кои ги имаме како семејство во принцип се фокусираат на директни искуства и на избегнување на формата за сметка на содржината. Една од најзапамтените изреки кои ги паметам и се поврзуваат и до “Дедра“ и со “БАС“  и о “БАСИМ“ е од Аристотел, која ја користам секогаш со студентите од прва години гласи; “работите кои треба да ги научиме да дознаеме да ги правиме може да ги научиме правејќи ги“ и продолжи:Сите три потфати на кои јас бев само сведок и ли бев консултиран, за мене во најбитниот “БАС“ каде бев директен учесник во конципирањето, знам дека како семејство сме биле многу брзои во осмислување на нештото, а потоа се договараме што да правиме.  Но сите потфати немаше шанси да се направи набрзина, а ќе користам друга изрека која вели дека ако сакаш да одиш далеку оди со тим. Токму затоа денес оддаваме признанија на нашиот тим. М-р Горазд Смилевски, генерален менаџер на “БАС“, додели признанија на оние сите кои биле и се дел од тимот, како рече споменици, на кои стои “30 години создаваме менаџери“ на проф. д-р Тони Соклевски, проф. д-р Даниела Карадаков, рроф. д-р Гордана Тасевска и рроф. д-р Лидија Стефановска како дел од основоположниците на Бизнис Академија Смилевски и догогодишен континуиран придонес во развојот на Групацијата “ДЕТРА Центар“, “БАС“ и “БАС ИМ“.