Press "Enter" to skip to content

Музички маратон “Со љубов за Битола“ по повод 4. Ноември и 75 години Музичко училиште во Битола (фото)

Водени од идејата за што посвечено и величествено одбележување по повод 4. Ноември, денот на нашиот град Битола, здружението на пијанисти и музички педагози “Пијано“ од Битола, чии основатели се Марија Шамоска-Буџаковски и Јана Четелева-Белевска во соработка со Државното музичко училиште и КИЦ “Битола“, организираше музички маратон насловен “Со љубов за Битола“.Со моќта на музиката, со маратонот – кој е симбол за упорност и издржливост, музичкото училиште кое е еден од брендовите на нашиот град и кое што оваа година одбележува 75 години од своето постоење, и со здружението “Пијано“ кое  постои за Битола и јасно го   глорифицира епитетот “ Битола, град на клавири “, ние сметаме дека во просториите на КИЦ Битола се одржа настан кој долго ќе се памети, а битолчани ќе имаа можност за едно целодневно културно уживање, рекоа организаторите.Овој настан започна со претставување на изведби на млади музички таленти од музичкото училиште, на сите инструменти кои што се изучуваат во училиштето: пијано, виолина, гитара, соло пеење, труба, кларинет, флејта, ударни инструменти, саксофон и.т.н.   Учениците изведуваа дела од различни класични композитори во времетраење од 6 часа и со тоа прикажаа зошто ова училиште има толку долга традиција и потврден квалитет.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »