Press "Enter" to skip to content

Тимот од проектот “Proceed Goes Practise“ во Општина Битола за конкретизирање на целите

Тимот на „Сумнал“ вклучен во проектот “Proceed Goes Practice” оствари работна средба во Општина Битола со Снежана Петровска, раководител на секторот за образование.

Целта на средбата беше да се разговара детално за целите на проектот, а поконкретно за кариерното насочување и советување на младите за коешто ќе се создаде водич како резултат од проектот.

Раководителката во име на Општина Битола даде целосна поддршка за реализација на активностите и постигнување на целите од проектот.

Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата, а координатор е германската организација Југендстил.