Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите поразени во Струга со 2:1 од Караорман

Караорман – Пелистер 2:1 (1:1)

Екипата на Пелистер од Битола загуби на гостувањето кај Караорман со резултат 2:1, полувреме 1:1. По водството на “пелистерци“ од 0:1, со голот на Борче Маневски во 16. минута од првиот дел, кога постигна фгол со удар од десетина метри по одличното додавање на Китановски.

Но екипата на Караорман направи пресврт и прво дојде до израмнување 1:1, а потоа и постигна гол за победа. Голот за израмнување го постигна на крајот на првото полувреме во 47. минута, односно во “судиското време“, а голот за победа го постигна во 96. минута исто така во “судиското време“, во последните секунди од натпреварот.

По 11. кола екипата на Пелистер се наоѓа на 5. место на табелата со 21 бод, а прв е Вардар со 28 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »