Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите “4-ти Ноември“ на Општина Битола, плакета за животно дело на Петар Ставрев (фотогалерија)

Покрај наградата за животно дело беа Општина Битола доделени и наградите за едногодишни остварувања на Оливера Бикова, Благој Мицевски, Сефедин Бајрамов, Божидар Божиновски и Маријан Бошевски, а годинава по подолго време присутните уживаа во одлично изведен перформанс за Битола.Вечерва на Свечена академија која се одржа во Народниот театар, пред голем број на битолчани и гостите од збратимените градови беа доделни наградите “4-ти Ноември“ по повод Денот на ослободувањето на Битола.На Академијата покрај “домаќините“ градоначалникот на Битола – Тони Коњановски и претседателката на Советот – Габриела Илиевска, беа министерката за култура Бисера Костадонова – Стојчевска, заменик министерот Рендевски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевска, Владиката Петар, Ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, делегациите од збратимените градови, поранешни градоначаници на Битола и претседатели на градот…Добитниците на наградите ги соопшти претседателката на Одборот за доделување на наградата “4-ти Ноември“ Габриел Илиевска, кој ги прочита и образложенијата според кој на добитниците им се доделени наградите.Наградата за животно дело му беше врачена на Петар Ставрев, новинар, фоторепортер, автор на емисии, хроничар, планинар, а за неговите активности до 81 година од животот, Илиевска имаше подолг список, како и список од каде се дојде предлогот за ова највисоко општинко признание.Пред доделување осврт имаше Тони Коњановски – градоначаник на Битола за тоа што тој и неговиот тим го сработиле во оваа измината година, а беше прикажано и кратко видео во знак на првата камера 300 и делото кое ни го оставиле браќата Манаки.Потоа претседателката на Советот – Илиевска им го додели наградите за едногодишни остварувања, а градоначалникот Коњановски ја додели наградат за животно дело на Ставрев, кој се заблагодари во свое име, а истото го направија и останатите доботници на награда, кои упатија и свои пораки.Потоа следуваше перформанс во кој присутните битолчани се присетија на некои дамнешни времиња, но и некои настани на кои дел од повозрасната публика биле сведоци.Огнен Дранговски ги водеше битолчани по Виа Игнација, ги прошета низ битолските маали, се потсети на некои битолски легенди, браќата Манаки, на Јонче Христовски, на Кемал Ататурк и Елени Каринте, на пајтоните, на Ацо Стефановски, на серенадите, на шансоните, на традицијата пиење кафе, на “оговарањето“, а Димче Миновски преку радио преносот “во живо“ ги врати сеќавањата на Лемго, на Пеце и Златко Димитровски, на Црвенка, на Борец…, на ракометот кој е број 1 спорт во Битола.На ова потсетување и презентација на Битола покрај Дранговски и Миновски, учествуваа Петар Мирчевски, Петар Горко, Васко Мавровски, ансамблот на КУД “Илинден“, а се низ песната на “Љубојна“ и Вера Милошевска.

Текст и фото: С. Ристевски