Press "Enter" to skip to content

Во Битола свежо со врнежи од дожд, до крајот на денот врнежите ќе престанат

Денес, недела, 6 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде свежо со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од источен и североисточен правец, особено претпладне. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Температурата во Битола до 12 степени.

Утре, понеделник, 7 ноември, во Битола, времето ќе биде претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта облачноста повторно ќе се зголеми. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата во Битола до 17 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »