Press "Enter" to skip to content

Сеад Хаџифејзовиќ: кошаркарите на Пелистер по нова победа во Куманово за продолжение на победничката серија

Кошаркарите на Пелистер во рамките на редовното првенствено коло гостуваат во Куманово, каде играа против истоимената екипа, а ова натревар во кој треба да ја продолжат серијата победи, кои започнаа во АБА2 лигата на Златибот.

Сеад Хаџифејзовиќ смета дека проблемите за тимот е минато и сега ростерот подобро се разбира на теренот, што е причина за позитивниот период.

-Првиот меч ни покажа дека екипата не е воиграна. Имавме доста повредени играчи, а и не се разбиравме на теренот. Можеби е добар поразот од Гостивар. Потоа започнавме победничка серија, која се надеваме дека ќе ја продолжиме против Куманово, во пресрет на репрезентативната пауза. Добриот момент сакаме да го искористиме за позитивно расположение во пресрет на „балонот“ во Сараево. Ако сме комплетни мислам дека можеме да донесеме големи успеси за Пелистер оваа година.

More from ВестиMore posts in Вести »