Во Скопје во тек е дводневниот саем на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кој е отчет за изминатите 365 дена, а на саемот учествува и Општина Битола, на кој беше речени дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираа голем број проект, од кои повеќето нови градинки, илјадници километри нови улици и тротоари, водоводни и канализациони мрежи, реконструирани основни училишта, инвестиции во економски развој и многу други.
Покрај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и дел од неговиот тим, на саемот е престедателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Пеце Милевски со своите најблиски соработници.Денес во рамките на третата трибина се одржа и отчет на градоначалниците од Пелагонискит регион.
Градоначалникот Коњановски учествуваше на трибината “Предизвиците на локалната самоуправа во услови на енергетска криза“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.