Press "Enter" to skip to content

Во Горната Гимназија прва работилница од проектот “Младинско радио! Во етер!“ (фото)

Во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола се одржа првата работилница од проектот “Младинско радио! Во етер!“ кој ќе трае 12 месеци во кои селектирана група од 20 млади луѓе на возраст од 15 до 18 години, од Битола и регионот, ќе учествуваат на 6 работилници, камп и за време на целиот проект ќе имаат целосна поддршка своите идеи да ги претворат во релевантни активности и медиумски содржини.На првата работилница која се одржа деновиве во Гимназијата, со која се отвара проектот “Младинско радио! Во етер!“ зборуваше директорката на Лидија Споа која рече:-Преку проектот “Младинско радио! Во етер!“ учесниците ќе бидат во можност да ги подобрат нивните медиумски вештини, да научат како да креираат и доставуваат релевантни содржини на медиумите преку практични работилници и средби со експерти. Проектот “Младинско радио! Во етер!“ има за цел да вклучи 20 млади луѓе од Пелагонискиот регион да креираат средношколско радио и практично да учат за медиумите и нивното влијание. Едукација на млади луѓе на возраст од 15-18 години на темите етика во медиумите, креирање на радио програма, и имплементирање на релевантни медиумски содржини. Овој проект им овозможува на младите преку практични работилници да се вклучат во создавање на радио програма во соработка со експерти и новинари.Овој проект е соработка на невладината организација “Гет Инивација“ Битола со СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, и истиот е поддржан преку Програмата за Демократија при Амбасадата на САД.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »