Организациониот тим од “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“ од Битола викендов претстојуваше во Србија, а за тоа имаше две причини.Првата причина беше учеството на планинската трка “Rocky Trail Jelašnica and Sićevo Gorge“ на тројца битолчани, но и маркетиншко претставување на планинската трка “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“.
Во областа Јелашница и Сиќево Клисура настапија тркачите од “PELXTR-Pelister Xtreme Trail Running“, Дејан Лазаревски, Саша Грбиќ и Ненад Лазиќ кои учествуваа на трката од 24 километри.
Сите како и се очекуваше ја завршија трката, а трчаа заедно со околу 150 натпреварувачи од повеќе земји.
Покрај активното учество на технички напорната патека, дел од тимот составен од Ребека Алексовска, Зоран Алексовски, Вијолета Ристевска-Лазиќ и најмладиот член Вања Грбиќ неуморно и полно со ентузијазам ја претставија нашата Битолска планинска трка, која се оддржува во јуни идната година.
-Се видовме со стари пријатели и запознавме нови. На сите присутни тркачи им беше понудена промотивна регистрација за трки, промоција на планинскиот туризам на Баба Планина и содржини што можат да ги очекуваат во Битола. Би сакале да им се заблагодариме на Националниот парк Пелистер и Одделението за спорт при општина Битола што ни обезбедија промотивни материјали што сите учесници можеа да ги разгледат и понесат со себе, велат од “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“, кои ја искористија можноста да се заблагодарат на организаторите и додаваат:
-Сакаме да им се заблагодариме на организаторите на трката, особено на директорот Миљан Ристиќ и на претседателката на ПК Железничар Ниш, Јелена Цветковиќ, затоа што направија многу атрактивна трка, беа љубезни и срдечни домаќини, бидејќи се чувствувавме како дома. Затоа се надеваме дека тие ќе ни бидат гости во месец јуни и би сакале да ја продлабочиме нашата соработка.

Тројца битолчани трчаа на планинската трка кај Ниш, а претставена беше и “Pelister Unique Trail Marathon-PUTM“ од Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- Претседателите на Еурофарм Пелистер и Вардар, Стерјев и Михајловски: на дербито да победи подобриот
- За билјард играчите од “А“ дивизијата од Битола, Тетово неосвоива тврдина
- Кошаркарите по поразот од Чаир продолжија со победите
- Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Скопје, на поразот кумуваа судиите, од 0:2 до 3:2