Press "Enter" to skip to content

Денес 19. седница на Советот на Општина Битола

Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денеа ја закажа и во тек е 19. седница на Советот на Општината Битола, на која се расправа за Буџетот, за развојните планови, за градежното земјиште, а градоначаникот Коњановски имаше излагање, а беа поставени и советнички прашања.

Комплетниот дневен на 19. седница со 15 точки е:

1. Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Битола за третиот квартал од 2022 година.

2. Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Битола за 2022 година.

3. Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2023 до 2025 година.

4. Програма за измени и дополнување на Програма за уредување на градежно земјиште на подрачје на Општина Битола за 2022 година.

5. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање и изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 година

6. Локален акциски план на Општина Битола и Ромската заедница.

7. Одлука за промена на припадност на дел од ул. Солунска во с.Кравари

8. Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежност на инспекциски надзор ( овластен инспектор за животна средина и комунален инспектор) од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци.

9. Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Битола и Општина Новаци за вршење на определени работи од надлежност на заштита на животна средина ( овластено лице за одобрување на елаборат за заштита на животната средина) од страна на Општина Битола во корист и за сметка на Општина Новаци.

10. Одлука за измена на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола.

11. Одлука за примање на донација – набавка, транспорт и монтажа на спортска подлога за изработка на кошаркарско игралиште дадена од страна на Интерворкс ДООЕЛ Битола.

12. Одлука за финансиска поддршка од Oпштина Битола во реализација на проектот „Авантура преку граници  – Adventure across the borders – adven TOUR“.

13. Одлука за сопствено учество на Општина Битола во реализација на проектот                  „ Воспоставување на советодавен регионален центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство“.

14. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот за изведување на градежни и монтажни работи, изготвен по Програмата на Општина Битола за 2022 и 2023 година на ЈКП „Водовод“Битола.

15. Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот за изведување на градежни работи на КЈП Нискоградба Битола за потребите на Општина Битола – рушење на постоечки објекти.                                                                  

More from ВестиMore posts in Вести »