Press "Enter" to skip to content

Репродукции на Жан Пејрисак (1895-1974) француски војник на Македонскиот фронт на ѕидот во Општина Битола (фотогалерија)

Во холот на Општина Битола на вториот кат вечерва францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалник на Битола Тони Коњановски ја открија голема репродукција составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) која ја изработија Буба и Димитар Солак.Пред откривањето на диптихот на присутните, на француската делегација предводена од Амбасадорот и претседателката на Советот Габриела Илиевски и на советниците, на почесниот конзул на Франција – Калиопа Кривашија-Стилиновиќ и претставници на семејството на ликовниот уметник им се обрати Коњановски и рече:-И денес на овој начин ја продолжуваме соработката која со амбасадорот на Франција ја започнавме веднаш по преземањето на мандатот минатата година. Посебно ме радува тоа што овој пат соработката ја продолжуваме со откривање на делото кое ќе краси дел од внатрешните ѕидови на битолската општинска зграда. Репродукцијата е насловена “Бреговите на Драгор во Моностар“ е изработена од две дела што авторот, Жан Пјерсак, ги насликал во Битола во 1917 година кога бил дел од француската армија која се борела на Македонскиот фронт во Првата светска војна. Амбасадорот Сирил Бомгартнер рече дека својата дипломатска кариера во Македонија за започнај пред две години со посета на Битола, а двете години многу брзо му поминале. За денешниот настан и за авторот рече:-Жан Пејрисак сакал да студира медицина, но се пријавил како доброволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола, каде заболува од маларија и жолтица во 1918 година. Додека закрепнувал цртал, пред да се врати во својот роден град. На 19 години ја искуси смртта, а тоа ќе му ги одбележи животот. Поради тоа ги напушта студиите по медицина и ќе се оддаде на цртежот и сликарството, како самоук без посетување на школа за сликарство, но бил близок со сите уметнички кругови од првата половина на 20. век. Спомените од Македонскиот фронт го следат низ целиот живот, а во делата се поместени мотиви од Битола. Вечерва откриваме дело, симбол на пријателството меѓу нас, приказна која е долга, а станува уште подлабока и почовечка, репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот кој толку силно го има приврзано.Авторските права за делато во Битола, односно двете дела, ги итстапи семејството Пејрисак, чија внука Стефани рече:-Дозволете во име на целото семејство на Жан Пејрисак, неговит внуци и правнуци, да се заблагодарам. Имав среќа во Битола да сум по втор пат, среќна сум што со мене се тука дел од семејството и што ќе имаат прилика да се запознаат со убавините на земјата. Посебно внимание и благодарност за сите што го водеа овој проект, а посебно на авторите преку кои средбите на мојот дедо  со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители, на ѕидовите на Општина Битола. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје “Солак“, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција, Ерик Алан.

More from ВестиMore posts in Вести »