Press "Enter" to skip to content

Концерт на Битолскиот симфониски оркестар со гостин од Грција (фотогалерија)

Вечерва во салата на Народниот театар од Битола концерт одржа Битолскиот симфониски оркестар, кој како рекоа е концерт кој ретко се случува во нашиот град Битола, а со вечерашниот концерт уште еднаш докажа дека има огромен квалитет и може да се носи со сите предизвици. На концертот на Битолскиот симфониски оркестар, покрај изведувачи од Битола и музичари од Србија, како солист на виолончело настапи Милтијадис Касарас од Грција.Пред битолската публика Битолскиот симфониски оркестар и гостите изведоа дела од Бетовен, Шуберт, Хајдн и Елгар.Ова беше уште еден музички настан во рамките на Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »