Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, за време на посетата во Битола, денес оствари средба со новото раководство на УКЛО – Битола на чело со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.Во текот на средбата, aмбасадорот Бомгартнер придружуван од Иго Бештел директор на ИФС, аташето за култура Бранко Чобанов и почесниот конзул, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, со домаќините од УКЛО ги потврдија добрите релации меѓу Амбасадата и Универзитетот.
Во фокусот на разговорите опфатена е академската соработка поврзана со членството на УКЛО во универзитетската мрежа АУФ, можностите од Еразмус+ програмата меѓу кои и најновата фаранцуска иницијатива за Универзитетски алијанси, силно поддржана од Европската унија.
На средбата стана збор и за позитивната соработка на УКЛО со француските институции и во тие рамки можностите за афирмација на франкофонијата и изучувањето на францускиот јазик на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Инаку, Амбасадорот Сирил Бомгартнер втор пат е гостин на УКЛО и ова е негова прва средба со новиот менаџмент на Универзитетот.

Францускиот амбасадор во посета на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени