Press "Enter" to skip to content

Во Битола во градското ракометно дерби победа за поискусните (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 36:27 (20:13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 300
Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Б. Ристевски, Ојлески 9, Кузманоски 3, Стоилевски, Радовиќ 2, Танкоски 2, Костески 9, Дејвис, Кукоски, Ѓорговски, Васиљев 5, Пешевски 1, Сери 4, Пав. Атанасијевиќ 1

Еурофарм Пелистер 2: Јовановски, Печурица, Јанковски, С. Ристевски 1, Кукуловски 9, Митревски 3, Димовски 3, Мулиќ, Талевски 1, Петровиќ 3, Ивановски 3, Буторац 2, Југовски 1, Блажевски, Арсеновски 1. Во рамките на 10. коло од ракометната Суперлига во групата “Б“ во Битола се одигра ракометното градски дерби помеѓи двете екипи на Еурофарм Пелистер во која поискуснире не дозволија изненадување и славеше со убедливи 36:27, полувреме 20:13.Еурофарм Пелистер поангажирано и помотивирано го отворија натпреварот и брзо поведе , а во еден момент во првото полувреме беше 14:5. Во финишот од првите триесет минути младите пелистерци заиграа поквалитетно и намалија на седум гола 20:13.

Во вториот дел бројните замени во Еурофарм Пелистер кои беше искористени од томот на “двојката“ кој намали -4, но потоа се си дојде на свое место за убедлива победа на поискусните, 36:27.Крилата Ненад Костески и Гоце Ојлевски постигнаа по 9 гола за Еурофарм Пелистер, а, кај “двојката“ Кукуловски со исто толку 9 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »