Press "Enter" to skip to content

“Половина век карикатура“ изложба на Блаже Докуле во Битола (фотогалеерија)

Вечерва во Кристалната сала на Офицерски дом во Битола беше отворена изложбата на Блаже Докуле, најпознатиот карикатурист од Битола, која на битолчани, уште еднаш им се претстави со изложбата “Половина век карикатура“.На изложбата на која присуствуваа голем број пријатели, познавачи на карикатирата и ликовната уметност, за кои на отворањето Докуле во негов стил рече дека на знаел дека толки го почитувале, а додаде дека не сака ништо повеќе да каже пред да зборува проф. д-р Александар Стерјовски, кој за Докуле рече:-Оваа година Докуле славо 50 години од својата креативна работа, но, на 13 март 1971 година тој во списанието “Екран“ ја објави првата карикатура. 50 години беа пред две години, но поради короната, тој сега го слави тој јубилеј во Битола. Веќе 50 години нашиот Блаже катадневно секојдневно, во маса весници и списанија се објавуваме со своите карикатури. Некој ќе се насмее, некој ќе заплаче, некој и ќе се закани.Докуле објавува од сите видови карикатури, дневни, политички, еротски и колку има објавено досега вели има можебо 30 илјади. Каква е неговата енергија, а тој за половина час може да направи и до 4 карукатури. 25 години беше слободен уметник, самиот го вадеше својот леб. Од него и сега кога е пензија и кога е познат,  има голем мотив да твори. Оваа изложба е признание, оваа голема посета сега, нека биде мотив плус, додаде Стерјовски.Ова е втора изложба на Докуле во Битола, а првата ја имал во уметничката галерија “Моша Пијаде“ во Јени џамијата, по негов изноб на карикатури, но сега изборот, кој карикатури да бидат преставени, го направија светските жири комисии кои на Докуле му доделуваа награди, а ги има многу. Тука се претставени наградените 40 и повеќе експонати и сите се наградени.-Започвав пред 50 години во “Остен“, јас од Битола, таму никој не ме познава, никој не ме знае во редакција во која имаше над 70 врвни карикатуристи. Јас прво едно писмо со карикатури, па друго, а по три броја ми објавија насловна страница во “Остен“. Тогаш, можам слободно да кажам дека да ти објават насловна страница беше потешко отколку да освоиш Оскар во Америка сега. Карикатурата е нацртна по моја идеја и со цртеж на Пејчиновиќ. Овие 50 години можам да кажам дека се 200 години работа, во битолски медиуми, во македонските, во југословенските… рече Докуле и додаде:-Целта не ми беше да победам, туку со најголемите светски карикатурсти да бидам пријател, да разговарам со нив, или по битолски кажано, да бидам едно со нив. Во тоа успеав и сега сум со нив на исто ниво, некогаш ги победувам, некогаш ме победуваат, рече Докуле.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »