Press "Enter" to skip to content

Пресврт за победа на одбојкарките во Битола, од 0:2 дојдоа до победа од 3:2 (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 3:2

(19:25; 25:27; 25:19; 25:08; 16:14)

Нова победа на Сениорките на Пелистер Волеј за “4 од 5“ во рамките на 5. коло во натпревар кој беше крајно драматичен, неизвесен. Иако знаеја дека нема да имаат лесна задача, сепак противникот ги намачи.За оваа победа тренерот Роберт Митковски по завршувањето на натреварот рече:-Почетокот на секој натпревар, па како и сите до сега на стартот по којзнае кој пат од наши грешки и брзоплетост во играта, нервоза, го загибивме првиот сет. Потоа во вториот сет повторно иста игра и беше 0:2. Но, сето тоа го извртивме во наша полза за победа од 3:2, дотолку повеќе со драма во самиот финиш во кој од 10:13 победивме со 16:14. Ќе кажам дека само заслужуват честитки за сите наши одбојкарки, а ќе го споменам убедливиот 4 сет во кој нашата екипа доминираше со 25:08.Најрасположена беше капитен Стефани Најдановска, која доминираше со фантастични 28 поени.Поените ги освоија: Стефани Најдановска 28, Билјана Јаковлевска 14, Емилија Ивановска 13, Анастасија Ристевска 9, Емилија Бицевска 8, Лиле Лозановска 5, Софија Проковиќ 5, Ивана Белокозовска 3, Михаела Цветановска 1, Христина Трајчевска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »