Press "Enter" to skip to content

Перформанс “За нашиот театар“, за 78 години постоење и 5 милиони гледачи во Битола (мегафотогалерија)

Вечерва пред преполната сала на Народниот театар во Битола, на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ скоро цел ансамбл на театарот го изведе перформансот “За нашиот театар“ во чест на 78 роденден на НТБ. Музичко сценскиот перформанс замислен како колаж на интересен начин беше претставен НТ Битола низ импонзантните бројки на иззведени театарски претстави и гостувања, според кој несомнено е најуспешен  во Македонија. Но афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.Од споменатите бројки, кои ги прочита уметничкиот директор на НТБ ќе ја споменеме само онаа за посетеноста, односно дека до сега сите премиери и театарски претстави ги гледале импозантни 5 милиони гледачи, а и вечерва на 78 роденден, како и безброј пати до сега салата на театарот беше претесна да ги прими сите вљубеници на театарската уметност во Битола.Со интересен музичко сценски перформанс  „За нашиот театар“ ансамблот на НТБ се претстави пред широката публика, со реплики од претстави, забелешки од дневник, секој на свој начин. Со тоа придонесоа музичко сценскиот перформанс да изгледа светски, а  актерите брилјатно се претставија пред публиката. Со срце и душа на “штиците кои живот им значат’, низ нивните изведби тие и им оддадоа почит на битолскиот Народен театар, кој е најстар во нашата држава. Театар во кој уште далечната 1944 година на 14 ноември  е изведена едночинката на Владо Малевски “Ѓоре Магаревски“ во режија на Димче Стефановски.Денешниот роденден, 78 години непрекината дејност е навистина за почит. Актерите и публиката го испочитуваа тоа, актерите пренесувајќи ја својата енергија кон публикта која ги награди со аплаузи колажот перформанси. Од почетокот до крајот на музички сценскиот перформанс на интересен начин се раскажуваше приказната за Народниот театар Битола која започна во 1944 година и трае до денес. Се споменаа сите значајни претстави, гостувања, награди кои го прават битолскиот театар еден од најреномираните театри во нашата држава, но и пошироко.Низ приказната која се расажуваше во колажот “За нашиот театар“ се споменаа сите познати актерски имиња кои ги одбележаа претставите од почетоците, низ годините на минатиот век кои не се веќе живи. Беа споменати и другите личности кои придонесуваат во театарот на индиректен начин костимографи, мајстори на светло, гардеробери…  На крај беа испочитувани членови на НТ Битола кои оваа година заминаа во пензија и им беа доделени подароци.  Одбележувањето на 14 ноември започна утрово кога најмладите гледачи имаа можност да проследат едукативно – театарскиот пeрформанс “Зошто го сакам театарот“, а пред почетокот на перформансот беше отворена изложбата на театарски портрети од ликовниот уметник Кирил Геговски.Сите оние кои присуствуваа на одбележувањето на 78 роденден на НТ Битола беа воодушевени од музичко сценски перформанс на ансаблот на Народниот театар Битола по повод одбележување на 78 годишнината.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »