Како резултат на соработката на општина Битола и компанијата “IWConnect“, денес беше пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“ во Нова Битола, кое е дел од проектот на компанијата за реконструкција на спортски комплекс во оваа населба.Денешниот настан, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, нагласувајќи дека, со ваков вид на проекти во иднина значително ќе се подобрат условите за спортски активности на младите во општината.
Александар Мемца, партнер во “⋮IWConnect“ изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира. Тој нагласи, дека во тек е и втората фаза од проектот, која опфаќа реконструкција и на детското игралиште непосредно до кошаркарското.

Пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Осветен крстот кај манастирот “Св. Спас“ над Маловиште (фото)
- “Талентите за УКЛО – УКЛО за талентите“ за афирмацијата на надарените и талентираните ученици и студенти
- 4. по ред “Креативен ден 2025“, визуелна бајка, каде што секоја силуета шепоти нова приказна (мега фотогалерија)
- Книгите како вредност, инспирација и иднина: Една година библиотека во Кромберг & Шуберт – Битола (фото)
- Заштитни столбчиња и обележување на дел од коловозот, траен режим на сообраќај