Press "Enter" to skip to content

Флешмоб на “Магнолија“ на учениците од Горната Гимназија од Битола (фотогалерија)

Денес на пладне, на Широк Сокак во Битола, на плоштадот “Магнолија“ по повод Денот на младиот читател, како и за промоција и афирмација на германскиот јазик, учениците од Гимназијата “Јосип Броз-Тито“ организираа флешмоб.Идејата, како рекоа организатоите, произлезе од самите ученици на часот по германски јазик, кога тие учеа и читаа текстови за флешмоб.Со поддршка на Младинскиот совет при Општина Битола и соработка со “Анастасија центар“ е реализиравме нивната идеја.-Учениците активно и посветено се спремаа еден месец, беа редовни на многубројните проби, а посебно за пофалба се машките ученици кои на почетокот делуваа многу несигурно. Целта на флешмобот е да се поттикнат учениците да читаат, бидејќи книгата им отвора нови светови, но и да изучуваат странски јазици кои се прозорец кон светот. Токму затоа избравме стара и многу позната германска песна, рекоа Ирена Петровска, Нина Илиќ и Марија Стојановска организатори на овој флеш моб и додадоа:-Уште на самите проби учениците покажаа одговорност, меѓусебно помагање и емпатија што е многу важно за нив. Упатуваме голема благодарност до Општина Битола, “Анастасија Центар“ и козметичкото студио “ИВА“ за финансиската поддршка, како и до сите вработени во Гимназијата за покажаното разбирање за нашите проби.

Фото: Дамијана Ристевска

 

More from ВестиMore posts in Вести »