Press "Enter" to skip to content

Во Битола претпладне со магла и ниска облачност, попладне со повремен дожд

Денес, вторник, 15 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне со магла и ниска облачност. Попладне променливо облачно, со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 15 степени.

Утре, среда, 16 ноември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 15 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »