Бизнис магнатот Ричард Бренсон рекол: „Клиентите не се на прво место. Вработените се. Ако се грижите за вашите вработени, тие ќе се грижат за клиентите“ Затоа, на компанијата СН финансии слоганот е “Нашата моќ е нашиот тим”. Оваа есен тие ќе ја паметат по еден посебен викенд исполнет со многу активности со обуки, дружење, награди и славење.-По интензивна година исполнета со работа, предизвици, професионални обврски и резултати, секој вработен заслужува да помине пријатно време во друштво на колеги, така што различните се трудиме да организираме дружења во најинтересните туристички дестинации и дома и во странство. За оваа есен, изборот беше, дома. И тоа во питомата Преспа. Нашите тим билдинзи се тематски, каде што, покрај туризам и релаксација, се разгледуваат и визијата и целите што треба да се остварат во иднина, истакна Бујар Драла шеф на секторот за човечки ресурси на оваа Финтек компанија која е првата ваква компанија во Македонија формирана од домашен капитал.
Тим билдингот е процес кој придонесува за зајакнување и хармонизирање на тимот, им помага на организациите а и на вработените да изнајдат начин заеднички да си ги остварат поставените цели и задачи. Тим билдинг активностите се и одличен начин да се подобри мотивацијата, продуктивноста и комуникацијата меѓу вработените, да се изгради доверба и да се развијат вештини за решавање на проблемите. Сепак, крајна цел на тим билдингот е тимската работа успешно да биде интегрирана во секојдневието на работното место. А ова е една од компаниите кои се одличен пример за тоа.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2022/11/tetarar-44-45.jpg?fit=1000%2C614&ssl=1)
Во компанијата “СН финансии“ вработените се на прво место (фотогалерија)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Најдобрите гуми од светските брендови во “Мотоцентар“ во Битола, на “Краварски пат“
- Плетени октоподи за предвремено родените бебиња во болница “Плодност“
- Лилјана Илиевска, 30 години бутик “Креола МЕ-МИ“ и 50 години во продажба на конфекција и кратка роба (фото)
- Супер понуда во маркетите на Ангромаркетинг од 25 до 27 јули
- “ГТ слаткарници“ – сладолед за вистинско уживање!