Традиционално, како и секоја година така и оваа година, Бимилк организирaше отворен ден по повод Светскиот ден на квалитет. Денес, гости на “Бимилк“ беа студентите од Биотехничкиот факултет во Битола.Студентите имаа можност да ја обиколат фабриката и од блиску да се запознаат со процесите на производство на млеко и млечни производи, контрола на квалитет и лабораториските испитувања, како и да добијат одговор на сите прашања поврзани со начинот на работа на фабриката.
-Вратите на Бимилк се секогаш отворени за нови посети и пријателства!, порачуваат од компанијата.

“Бимилк“ со отворен ден по повод Светскиот ден на квалитет (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 15 степени
- Битола, градот на клавирите, го одбележа Денот на пијаното (фото)
- Еурофарм Пелистер со соопштение: зошто натпреварот не беше прекинат или трибините испразнети?
- “Правда за Јана“ – најмасовен граѓански протест во Битола (фотогалерија)
- Општина Битола: партерно се уредува просторот кај Офицерски