Press "Enter" to skip to content

“Бимилк“ со отворен ден по повод Светскиот ден на квалитет (фото)

Традиционално, како и секоја година така и оваа година, Бимилк организирaше отворен ден по повод Светскиот ден на квалитет. Денес, гости на “Бимилк“ беа студентите од Биотехничкиот факултет во Битола.Студентите имаа можност да ја обиколат фабриката и од блиску да се запознаат со процесите на производство на млеко и млечни производи, контрола на квалитет и лабораториските испитувања, како и да добијат одговор на сите прашања поврзани со начинот на работа на фабриката.-Вратите на Бимилк се секогаш отворени за нови посети и пријателства!, порачуваат од компанијата.

More from ВестиMore posts in Вести »