Press "Enter" to skip to content

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Битола и РСБСП

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, како и со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот-Битола,во Битола реализираа превентивни активности од кампањата за важноста од користење зимска опрема.

Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска што од вчера стартуваше – за задолжително носење на зимска опрема, се до 15 март следната година, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите на повеќе локации низ градот укажуваа на објективната потребата како на употребата на зимската опрема, така и на проверката на нејзината исправност и исправноста на возилата.

Особено се апелираше на прилагодување на брзината на движење според условите на патот, почитувањето на растојанието меѓу возилата, избегнување на нагло сопирање на возилото и секако задолжително носење зимска опрема.

More from ВестиMore posts in Вести »