Press "Enter" to skip to content

Мартин Ивановски, претседател на УМС на Битола: на политичката академија политички зреевме преку 7 модули и со 11 предавачи

Деновиве заврши овогодишната “Политичка академија 2022“ која беше во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола. Политичката академија, која беше свечено отворена пред еден месец во Офицерски беше составена од неколку делови, наречени модули, кои беа содржински различни и разработуваа различна тематика од различна област и научна дисциплина.

-Ова неколку неделно дружење, беше пропратено со многу нови искуства, информации и споделување на знаењето со најдоброто што го имаме во нашата политика и многу млади талентирани лица. Низ неколку модули, се запознавме и дебатиравме на многу теми, а низ овие недели се растеше и политички се зрееше. Во текот на целата академија, во текот на 7 предвидени модули распоредени во 4 недели, активно учество зедоа 47 учесници, а предавањето го водеа 11 различни предавачи, вели Мартин Ивановски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, и додава:

-Првиот модул беше посветен на почетоците на Републиката, револуционерното дело, револуционерните дејци и креирањето на првите национални политики на Македонците и идеите за Република Македонија, предавач беше професорот по историја Ѓорѓи Чекутков. Потоа следеше модулот Односи со јавноста и реторика, на кој предавање одржа Благој Шаклевски. Третиот модул беше посветен на локалната самоуправа, работата на Советот и Собранието, а предавачи на овој модул беа пратеничките во Собранието на Република Македонија д-р Олга Лозановска и проф. д-р Силвана Ангелевска, актуелниот советник и заменик градоначалник Бојан Бојковски и генералниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Андоновски.

Во четвртиот модул имавме симулација на изборен процес, а зборуваа Горан Исков, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола и Иванчо Тошевски, поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола. Потоa следеше модулот политика за млади со поранешниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Во претпоследниот модул дискутиравме за младите во меѓународната политика заедно со  меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски. И на седмиот и последен модул темa беше лидерство и менаџмент, а заедно бевме со проф. д-р Гордана Тасевска, професорка на Бизнис Академија Смилевски и авторка на многу научни трудови и статии од сферата на личниот менаџмент, менаџмент со човечки ресурси и други сродни науки и теми.

-Им најавуваме на сите млади дека ова нема да биде последна политичка академија, туку дека ќе биде почеток на низата која ќе ја развиваме и надоградуваме. Како Унија на млади сили наша примарна цел е да инвестираме во младите, да ги поттикнеме во нивниот развиток, вели Ивановски.

More from ВестиMore posts in Вести »