Press "Enter" to skip to content

По повод патрониот празник Св. Климент Охридски библиотеката со литературен и ликовен конкурс

По повод Патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола распиша литературен и ликовен конкурс на тема “Буквите наши за мисли неискажани“.

Конкурсот е наменет за учениците од 1-9 одделение од основните училишта и од 1-4 година од средните училишта. Целта на проектот е да се поттикнат и мотивираат учениците да пишуваат, да цртаат, да го промовираат и афирмираат своето креативно и уметничко творештво.

Секој ученик има право да учествува со една поетска творба или расказ на темата, напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12, како и еден цртеж.

Творбите и цртежите треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор) .
Литературните творби треба да се достават на следниот е-мail: nuub.bitola@gmail.com
Цртежите да се достават во библиотеката, кај библиотекарката м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски со следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор).
Творбите и цртежите да се достават до 25 ноември 2022 година.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »