Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена 19 годишната битолчанка за која имаше пријава во сепрември, санкционирани возачи и пешаци

Денеска, 16 ноември, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. “Јане Сандански“ во Битола ја пронајдоа 19 годишната девојка од Битола. Таа беше пријавена на 12.09.2022 дека се оддалечила од домот.

Денеска во времето од 10 до 15 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 101 возачи. Од нив 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. 

На 15.11.2022 во периодот од 09.00 до 14.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 35 пешаци. За време на контролата регистрирани се и 14 останати прекршоци.

More from ВестиMore posts in Вести »