Press "Enter" to skip to content

Во Битола реализиран проектот “Инклузивни училишта – од теорија до пракса“

Ресурсниот Центар на родители на деца со посебни потреби во периодот од 15 септември до 15 ноември ги реализира проектните активности во рамките на проектот „Инклузивни училишта – од теорија до пракса“ со доделени средства од Програмата за  социјална заштита на Општина Битола за 2022 г.

Со проектните активности се реализираа 2 онлајн обуки секоја со времетрае од 8 часа со вкупно 103 наставници и образовни асиистенти во општина Битола, за инклузивна настава согласно новиот модел на образование и проценка на попреченоста на учениците. Направен беше мултидисциплинарен, теоретски и практичен пристап на проучување на инклузивното образование од педагошки, психолошки и дефектолошки аспект. Предавачи на обуката беа: доц. д-р Горица Поповска Налевска, доктор на педагошки науки; Радмила Цветковска дипломиран психолог, психотерапевт и Драган Даскаловски, м-р по специјална едукација и рехабилитација. Евалуацијата на квалитетот на обуките се реализира со спроведен анкетен прашалник во електронска форма со наставници и образовни ассистенти.

Во однос на прашањето „Дали содржината на обуката беше корисна за Вашиот професионален профил?“ сите испитаници – 100% одговорија дека им беше корисна. На прашањето „Дали сметате дека во идина ќе може да примените некој совет или предлог даден за време на презентацијата?“ 88.9% одговорија со да. Значајно е дека најголем дел  96.3% се изјаснија дека се потребни уште обуки за оваа проблематика и пројавија интерес за присуство на дополнителни обуки.Родителите се исто така значаен фактор за квалитетна инклузија на учениците со попреченост и само со градење на партнерски релации ќе може да се почувствуваат придобивките од инклузивното образование. Како родителска организација Ресурсниот центар работи на сензибилизација и  едукација на родителите. Во рамките на проектните активности се реализираа и 2 онлајн обуки за родители на деца со попреченост и тоа „Холистички пристап во инклузијата и придобивките од партнерските релации на сите чинители во инклузивниот процес“ и „Патот до зрелоста – што треба родителите да знаат“.

Ресурниот Центар е родителски сервис кој им служи на сите деца со посебни потреби и нивните семејства преку: обезбедување на поддршка, помош, пристап до информации, обезбедување на остварување на нивните права во сите сегменти на животот со цел – што поуспешна социјална инклузија, како и подигање на јавната свест и одговорност за постоењето на тие права. Преку остварената мрежа на соработници од над 80 организации со кои има склучено меморандуми на соработка и воспоставена соработка со институциите во РМ, преку своите  регионални координатори и национален координатор, Ресурсниот Центар овозможува бесплатни сервиси: поддршка родител-родител, групна психолошка поддршка организирана во психолошки кампови, индивидуална континуирана психолошка подршка, едукации за родители, правни совети преку соработка со здружението „Млади Правници“, медијација и совети од областите на социјалната заштита и инклузијата во образованието (и за родителите и за наставниците), поддршка наставник-наставник за наставниците во основното образование.

More from ВестиMore posts in Вести »