Press "Enter" to skip to content

Карутерс, фаќаме ритам, против Чаир не очекувам големи проблеми

Екипата на Пелистер од Битола ќе го пречека Чаир 2030 во шестото коло од новата сезона во македонската Прва лига, на денешната средба во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, во 18:30 часот.

Дуелот против чаирчани на домашен терен го најави Донтеј Карутерс кој смета дека тимот полека фаќа ритам, по стартниот пораз во домашниот шампионат.

-Тимот е во одлична форма. Првиот натпревар беше чуден, бидејќи сите првпат бевме заедно на терен. Сега фаќаме ритам и играме добро. Стилот на игра во домашното првенство и АБА2 лигата е различен. Доколку играме како што знаеме нема да имаме проблеми против Чаир 2030, изјави американскиот интернационалец.

More from ВестиMore posts in Вести »