Press "Enter" to skip to content

Пред изградбата на мостот кај “Довлеџик“ се асфалтира патот за времениот премин

Денес се изведуваат работните активности за асфалтирање на девијацијата која ќе се користи како времен премин, кој ќе биде во функција додека трае изградбата на мостот на реката Драгор на улица Довлеџик. Перминот ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен и околните села во периодот на доизградба на новиот мост на реката Драгор.

Девијацијата, како времен премин опфаќа сообраќајница и армирано бетонски пропуст со ширина од 7 метри коловоз и две банкини со ширина од 1 метар.

Инвестицијата на општина Битола за реализација на овој проект изнесува 7.431.416 денари.