Press "Enter" to skip to content

Промоција на козметичкиот бренд “ЕРА“ на Елена Ристевска во “БОДИ М“ (фотогалерија)

Салонот за убавина “БОДИ М“ беше место каде голем број припаднички на понежниот пол присуствуваа на презентација на козметичкиот бренд “ЕРА“. Елена Ристевсска ја започна првата промоција од ваков вид во овој салон за убавина. Со тоа лично ги испочитува тимот на “БОДИ М“ и клиентите со кои разговараше за високо квалитетните производи на брендот “ЕРА“.-Не случајно  промоцијата на оваа козметичка колекција и прв настан од ваков вид започна од Битола во салонот за убавина “БОДИ М“, рече Елена Ристевска за нејзината промоција и додаде:-За мене секогаш и кога била музиката во прашање најубаво сум се чувствувала во овој град. Битолската публика секогаш имала истенчен вкус за музика. Ќе се надоврзам и слободно да кажам дека Битола град со традиција за мода, убавина, со тоа оди и нега и козметика. Промоцијата е замислена како едно дружење и разговор за производите од брендот “ЕРА“. Не случајно е избран токму салонот за убавина “БОДИ М“ кој работи по високо професионалнои стандарди и има високо професионален тим со кој и досега соработував и ги презентираше козметичките производи од брендот “ЕРА“ на најдобар начин. Ова е прва  промоцијата на “ЕРА“ која започна во БОДИ М, а ќе продолжи и во други салони за убавина и градови.Милка Акимовска сопственичка на “БОДИ М“ на промоцијата рече:-Мило ми е што ваков настан започна од нашиот салон “БОДИ М“ и Елена Ристевска  лично низ дружење со нив  ја раскажа приказната за “ЕРА“. Морам да кажам дека “БОДИ М“ еден од неколкуте салони за убавина низ Македонја каде и досега дел од козметичките производи беа достапни. Тоа се парфемите “ЕРА“ за жени и мажи, геловите за туширање и природната линија балзами, сјаеви  за усни и сапуни. Парфемот “ЕРА“ стана омилен на многу жени.Елена Ристевска естраден уметник кој  ја започна успешната приказна за создавање на козметички бренд. Таа  ја пренесе нејзината единствена уметничка визија во уникатна козметичка линија “ЕРА“.-После долгогодишно пребарување на совршен бренд во океанот на различни брендови за козметика, никогаш не најдов козметичко решение кое целосно ќе ги исполни моите очекувања и ќе ја надополни мојата природа, па решив сама да ја создадам. Пред неколку години, приказната за “ЕРА“ беше само сон и желба. Денес после догогодишно испробување имаме линија на козметички производи кои се македонски бренд и  козметичка линија “ЕРА“  посветена на оние со специфичен стил и силно чувство за индивидуалност. Парфемите се високо софистицирани со состојки кои се набавуваат во Италија, но магијата на создавање е  тука во Македонија. Природна козметика на гелови за туширање, балзами, сјај за усни и сапуни. Имаат неутрален мирис и се унисекс.Парфемот “ЕРА“  за жени е модерен мирис со егзотична цветна хармонија. Оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност. Гламурозен и восхитувачки, кој носи еден нов концепт на женственост. Машкиот е поинтензивен и силен.-Светот на парфемите е една друга димензија во која жените со своите  сетила фантазираат и се чувствуваат убаво. Парфемот е тој кој ни ги враќа сеќавањата. Не потсетува за тоа каде сме биле, со кого, како сме се чувствувале. Се надевам дека парфемите “ЕРА“ ќе им носат само убави сеќавања, рече Елена Ристевска.

Фото: Дамијана Ристевска