Press "Enter" to skip to content

Полициски службеници на СВР Битола со едукативна работилница

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола реализираа едукативна работилница во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Темите на работилницата, инаку одржана со ученици од седмите и осмите одделенија од училиштето, беа посветени на насилството како појава која што во многу ги загрозува токму младите.

На учениците им беа презентирани факти за појавите, формите и превенцијата од насилство, особено кога се работи за видовите како врсничкото насилство, семејното насилство, насилството на спортски натпревари, насилството преку социјални мрежи. Исто така во рамки на работилницата стана збор и за трговијата со луѓе во која што токму децата се едни од најтаргетираните старосни категории, односно жртви на овој облик на криминал.

More from ВестиMore posts in Вести »