Од страна на полициски службеници од полициска станица Битола по стариот пат за Ресен во близина на Бензиската пумпа лукоил пронашле две патничко возила “застава 101“ со битолски регистарски ознаки и патничко возило “лада самара“ со битолски ознаки, како превезуваат бесправно исечени огревни дрва. Возилата се одземени, а дрвата се предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Битола. По расчистување на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.
Во текот на изминатата вечер (18/19.11.2022)во периодот од 21.00 до 02.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 14 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила