Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: пронајдени огревни дрва, ноќеска 14 возачи под дејство на алкохол

Од страна на полициски службеници од полициска станица Битола по стариот пат за Ресен во близина на Бензиската пумпа лукоил пронашле две патничко возила “застава 101“ со битолски регистарски ознаки и патничко возило “лада самара“ со битолски ознаки, како превезуваат бесправно исечени огревни дрва. Возилата се одземени, а дрвата се предадени на Шумска полиција во складот на Национални шуми – подружница Битола.  По расчистување на настанот ќе следува соодветна кривична пријава.

Во текот на изминатата вечер  (18/19.11.2022)во периодот од 21.00 до 02.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата констатирани и законски санкционирани се 14 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 12 останати прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила

More from ВестиMore posts in Вести »