Press "Enter" to skip to content

Одбележани 78 години од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада во Битола

Во Битола се одржа чествување по повод 78 годишнината од формирањето на Првата Егејска Македонска ударна бригада, која беше формирана на 18 ноември 1944 од трите партизански одреди од Воденско, Леринско и Костурско.

Свежо цвеќе пред спомен плочата, кај “Пожарната“, положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски и градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски, како и претставници на други делегации.

Чествувањето на овој јубилеј беше во организација на Сојузот  на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »