Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: синдром на Иритабилен колон

Низ  разговори со д-р Васил Чипуровски, информираме за кои прегледи и испитувања може да ги направите со најсовремени апарати од медицината. Со овие информации добиваме и стручни совети  за интернистички заболувања, нивно откривање и понатамошно третирање, за кои постои голема заинтересираност кај читателите, а овој пат д-р Чипуровски ќе се осврне за синдром на Иритабилен колон, за што вели:

-Синдром на иритабилен колон претставува синдром кој се карактеризира со стомачни болки со промена на дијареа со обстипации со слуз во изметот за кој синдром не постојан органски промени и нарушувања. Етиолошки нема структурни ниту лабораториски промени така што овој синдром на “нервозни црева“ или колон иритабиле не го загрозува животот на пациентит и е функционално нарушување.

За да се постави дијагноза симптомите треба да се присутни константно или дисконтинуирано повеќе од 3 месеци наназад и тоа чести промени на течна столица со запек, болки во стомакот со позиви за дефекација и намалување на болката, зачестено движење на цревата за време на болката, појава на слуз во изметот, надуеност итн. Во поставување на дијагнозата покрај анамнезата и физичкиот преглед во помал број од случаи потребно е и ултрасонографија ехо на абдоминални органи, колоноскопија со биопсии тест за окултно крварење копрокуктури со цел елиминирање на  други заболувања како причина за овој синдром.

Терапијата е во зависност од симптомите со анксиолитици кај оние со анксиозност, антидијареици, спазмолитици како и психо, хипно терапија.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“ во Нова Битола.