Press "Enter" to skip to content

Рутински победа на Еурофарм Пелистер во Битола, победа над Радовиш

Радовиш – Еурофарм Пелистер 23:36 (12:20)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола, гледачи: 500
Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкуловски

Радовиш: Паунов, Костадинов, Марков 1, Јорданов 1, Постолов 5, Ѓорѓиев 1, Органџиев 6, Ончев, Вјештица 6, Чалов, Трајанов, Атанасов, Трајчевски 3, Костадиновски

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ојлески 5, Маџовски, Кузманоски 4, Стоилевски 7, Радовиќ 1, Танкоски 2, Дејвис, Кукоски 1, Ѓорговски 4, Васиљев, Пешевски 6, Сери 2, Хенеберг 1, Пав. Атанасијевиќ 3

Екипата на Еурофарм Пелистер, како “гостин“ во Битола ја победи екипата на Радовиш во рамките на 11. коло од Суперлигата,  група “Б“ со резултат 36:23.

Еурофарм Пелистер доминираше во прво полувреме во кое постигна дури дваесет гола. Доминацијата на фаворитот беше изразена со рутинска игра во остатокот од натпреварот во салата “Боро Чурлевски“. Гостите немаа решение за играта на екипата предводена од Ларс Валтер. Предноста стана двоцифрена.

Најефикаен кај “пелистерци“ Никола Стоилевски со 7, а 6 гола запиша Жарко Пешевски.

More from ВестиMore posts in Вести »