Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени дилери и напад од физичко лице

На  ул. „Девеани“ во Битола, полициски службеници на криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 30 и 29 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај нив биле пронајдени и одземени хероин и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветена пријава.

Во  СВР Битола, Е.М. (35) од Битола пријавил дека  на ул. „Широк Сокак“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »